Советничката во Советот на Оптина Битола од ВМРО-Народна партија, Габриела Илиевска, денеска од говорницата му порача на Владимир Талески дека го чека нов притвор и дека тесна ќе му биде улицата „Широка”, алудирајќи на единственото појавување на битолскиот градоначалник по излегувањето од притвор на асфалтирањето на оваа улица.
– Додека градоначалникот одмораше, дома го осмислуваше ребалансот? Сè што е напишано во него нема врска со реалноста. Еден капитален прокет не е направен, ниту стадион, ниту затворен базен, ниту фонтана, ниту асфалтирани улици. Талески е најголемиот срам за Битола и не можам да сфатам зошто од петни жили го браните. За жал, Битола ќе биде запаметена како град што имал само еден капитален прокет, а тоа е притворот на Талески – рече советничката Илиевска.
Од владеачкото мнозинство пак изјавија дека буџетот е развоен со зголемена ставка за капитални проекти. Игор Хаџиевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека стадионот ќе почне да се гради, а се обезбедувале и средства за спортските клубови.
Талески не беше присутен на расправата.