Заев во Виена: Има минимум услови за фер избори на 11 декември

by fokus 20:08
20:08

Има минимум услови за фер избори и тие треба да се одржат на 11 декември, рече Зоран Заев, лидерот на СДСМ на трибина која во моментов се одржува во австрискиот институт Форум за меѓународен дијалог Бруно Крајски во Виена на тема „Македонија на крстосница“.

На трибината освен Заев свои обраќања имаат и Ханес Свобода, поранешниот координатор на пратеничката група на социјалдемократите во Европскиот парламент и Франц Враницки, поранешен канцелар на Австрија и почесен претседател на Форумот Бруно Крајски.

- Advertisements -

Модератор на трибината е Иван Крастев, претседател на Центарот за либерални стратегии од Софија.

Како гостин на трибината присуствува и Јоханес Хајндл, германски специјален пратеник во политичката криза во Македонија, кое е и амбасадор на Германија во Австрија.

 

 

Поврзани новости