Илчо Ѓорѓиоски деновиве ќе се збогува со ФФМ, добива функција во УЕФА

by fokus

Актуелниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски во текот на наредниве денови се очекува и официјално да го соопшти повлекувањето од позицијата на прв човек на Фудбалската федерација на Македонија, пренесува „Екипа“.

Како што пренесува овој портал, Ѓорѓиоски од следниот месец се сели во УЕФА, каде ќе добие функција во кабинетот на Александар Чеферин, претседателот на УЕФА.

Поврзани новости