После пет месеци родителите на трагично загинатите планинари Александар и Калина го посетија Кајмакчалан

by Fokus

„Поминаа пет месеци од несреќата и се уште не можам да си објаснам како се случи тоа. Сите сме потресени бидејќи вашите деца се првите две жртви планинари за коишто јас знам дека настрадале на Кајмакчалан. Имало повредени скијачи, ловџии, планинари, но ова е прв пат некој да го загуби животот во планинарска тура“.

Со овие зборови, изразувајќи сочувство, непосредниот сведок на настанот, инаку вработен во скијачкиот центар Ворас, ги пречека родителите на планинарите Калина Велевска и Александар Миновски, кои зимава настрадаа при искачувањето на Кајмакчалан, објави Нова Македонија.

После пет месеци од трагедијата, родителите го посетија местото на несреќата, во обид да добијат дел од одговорите на прашањата кои ги мачат изминатиов период, а кои за жал, остануваат заплеткани во инертната процедура на надлежните институции.

ФОТО: Нова Македонија

Поврзани новости