ИКС: Нема слободни медиуми за да има фер избори

by Фокус 11:53
11:53

Македонија нема создадено елементарни услови за да се одржат фер и демократски избори во април 2016 година, заклучил Институтот за комуникациски студии, врз основа на проценка на состојбата во медиумскиот сектор во Македонија во контекст на препораките изнесени од Групата високи експерти предводена од Рајнхард Прибе.

Притоа, една од најважните причини за тоа е фактот што јавната сфера во Македонија не е слободна, па електоратот не може слободно да го формира своето мислење бидејќи речиси цела деценија е изложен на антагонизирачко и тенденциозно известување.

Па, од Институтот препорачуваат дека, за да можат гласачите да донесат слободна и информирана одлука, потребно е да се направат итни медиумски реформи и да се обезбеди нивна имплементација.

- Advertising -

Поврзани новости