529
Фудбалерот на Интер на Мауро Икарди може да оди во Реал Мадрид, објави на својот твитер-профил добриот познавач на италијанскиот фудбал, новинар Танкреди Палмери.
Според него, утрово започнаа преговори меѓу претставници на „кралскиот клуб“ и на 26-годишниот Аргентинец.
„Трансфермаркт“ проценува дека цената на Икарди во моментов е 90 милиони евра.
Инаку, по подолга пауза, од вчера Икарди се врати на тренинзи во Интер.
За потсетување, поради несогласувања со раководството на клубот, Аргентинецот не беше со тимот повеќе од еден месец и му беше одземена капитенската лента.
Оваа сезона Икарди настапи на 20 натпревари во Серија А и постигна девет гола.