ИЈЗ: Пријавени 13 починати од Ковид-19, шестмина се од декември

by Fokus

Според денешните статистики на Институтот за јавно здравје пријавени се вкупно 13 починати лица, од кои шест смртни случаи се во тек на месец декември.

Починати се шест пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 206 оздравени пациенти од: Скопје – 146, Куманово – 14, Тетово – 8, Велес – 7, Гостивар – 5, Кичево – 4, Струмица, Штип и Битола – по 3, Виница, Кочани, Кратово и Демир Капија – по 2, Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка, Валандово и Радовиш – по 1.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.

Поврзани новости