Игор Спасов од Бугарија во Идризово

by fokus 16:16
16:16

Поранешниот припадник на специјаните единици при МВР – Игор Спасов осуден на 14 години за убиството на Мартин Нешкоски, од денеска ќе продолжи да ја одлежува казната затвор во КПУ – Идризово. Директорот на Затворот Идризово, Јовица Стојановиќ, за МИА потврди дека Игор Спасов од пред половина час е донесен во казнено поправната установа и е сместен во затвореното одделение на овој затвор.

На ова претходеше процедура за екстрадација која ја реализираше Министерството за правда со бугарските власти, откако Спасов на почетокот на минатиот месец беше уапсен во Софија.

- Advertisements -

Како што соопштија од Министерството за правда, бугарските органи одговорија позитивно по барањето за екстрадиција на Спасов потпишано од министерот за правда Бојан Маричиќ на 10 минатиот месец.

– По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26.02.2021 Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата, се вели во соопштението од МП.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години и три месеци, стои на веб страницата на нашето МВР.

Поврзани новости