422
Обвинетиот Игор Југ за насилствата во Собранието од 27 април минатата година, вкрстено го испрашуваше министерот Дамјан Манчевски, откако претходно тоа право го искористи неговиот адвокат како и бранителите на дел од 33. обвинети, пренесува „Макфакс“.
„Очигледно видовте оружје, но не знаете какво, така ли е? Може тоа да биде нож, хебла, пендрак, итн.?“ , праша обвинетиот.
„Не сум експерт за оружје, се работеше за оружје кое може да се стави за задниот дел од панталоните“, рече Манчевски.
„Како вие цело време повреден, со фракури, шамари и под закани дека ќе Ви ги убијат децата, можевте прецизно да ме следите и да говорите за дејствијата кои јас сум ги преземал?“, праша Игор Југ.