456
Судија на претходна постапка денеска му одреди 30-дневен притвор на Игор Југ, обвинет за насилствата во Собранието на крвавиот четврток.
Откако му заврши осумдневниот притвор што му беше одреден за учество во инцидентите на „крвавиот четврток“, Игор Југ беше однесен на распит во Обвинителството, а потоа во суд пред судија на претходна постапка.
Обвинителството го товари за неовластено изработување на оружје и дека бил водач на групата која упадна во Собранието.