Сегашните бугарски власти сакаат да го „заверат“ идентитетот на Македонците и македонскиот јазик, така што пласираат неверодостојни податоци дека Македонците се со бугарско потекло и дека Северна Македонија мора да даде официјална изјава дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени. Не може да се замисли дека во 21 век, државата Бугарија, која е полноправна членка на ЕУ и НАТО, ги оспорува идентитетот и јазикот на соседниот македонски народ.
Ова е анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана.
„Србите и Црногорците, два претежно православни народи, кои се поблиски по идентитетот и јазикот од Бугарите и Македонците, не се оспоруваат меѓусебно за етничката припадност, националниот идентитет и јазикот. Барањето на Бугарија Северна Македонија да се откаже од постоењето етнички Македонци што живеат во Бугарија е „врв на ледениот брег“, затоа што Бугарија прикрива и врши силен притисок врз етничките Македонци во Бугарија да се декларираат како Бугари“, се посочува во анализата.