Иџе вози низ скопските улици во чест на медицинарите и полицијата

by fokus

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе денеска после 18 часот започна со промотивно возење на релација Лисиче-Аеродром-Центар-Карпош.

Возењето со неговиот тркачки автомобил е во чест на сите здравствени работници и полицајци.

-Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се НАШИТЕ ХЕРОИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД, со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка, порача Иџе.

 

Поврзани новости