Заев: Предлозите за избори во август или септември, всушност се предлог воопшто да нема избори

by fokus

Секое одложување на изборите е на штета а здравјето на граѓаните, на штета на економијата и на демократијата. Лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни чекори да го заштитат, вели премиерот Зоран Заев во интервју за мкд.мк.

Заев меѓу другото подвлекува дека не е голема визија или одговорност ако 100 пати повториш „здравјето пред се “.

– Многу поголема одговорност е да зборуваш за здравјето додека им помагаш на граѓаните, додека соопштуваш факти и точни  бројки дури и кога тие не се поволни, да се воздржиш од ширење невистини, да работиш на економски мерки што ја креваат потрошувачката и да не дозволиш вонредната состојба да ја загрози демократијата. Оттука, лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се  повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни мерки да го заштитат, посочува премиерот.

Тој очекува ВМРО – ДПМНЕ да учествува на овие избори, кои, како што нагласува, и самите подолг период ги бараа и за кои заеднички се договориле да се одржат на 12 април, по што опозицијата влезе и во техничката влада со свои кадровски решенија.

–Предлозите за избори на крајот на август или почетокот на септември, всушност се предлог воопшто да нема избори. Не постои ниту здравствен, ниту политички авторитет што може да тврди и да гарантира дека тогаш ќе нема ниту еден заболен случај. Наша одговорност е да им се спротивставиме на обидите да се предизвика политичка криза.Не смее никој од нас ниту да проба, а камоли да придонесе да се загрози здравјето на нашиот народ, земјата да се соочи со уставна криза, со ќор-сокак, во кој би заглавиле сите процеси и активности што значат заштита на здравјето на граѓаните, спас на работните места, помош во нивниот домашен буџет. Поради кризата ги замрзнавме изборните активности и ги одложивме изборите. Согласно со законските одредби, штом заврши вонредната состојба, продолжуваат и изборните активности, истакнува во интервјуто премиерот Заев.

Поврзани новости