Ида Протуѓер: Не сакам Мартин Протоѓер да ми ги диктира вестите

by Фокус 20:41
20:41

-Не се согласувам Мартин Протоѓер да ми ги диктира вестите, не се согласувам да сум во некое тефтерче на Јанкуловска. Не сакам да тргувам со слободата. Таа носи одговорност. Јас сум овде во овој камп за да ја освоиме слободата, зашто сакам кој и да дојде на власт – да можам да го критикувам и како новинари да му служиме на народот, рече новинарката Ида Протуѓер во денешното обраќање пред Владата, кадешто кампуваат граѓани кои бараат оставка од Груевски.

Таа додаде дека уставно право на граѓаните е да бидат информирани, но нејзини колеги новинари наместо да им служат на граѓаните, одлучиле да им служат на разни партиски центри на моќ. Протуѓер порача дека не смее веќе да им се дозволи на една група клептократи да ја украдат целата држава.

- Advertisements -

Поврзани новости