Министерот без ресор Самка Ибраимовски задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, ќе ја напушти министерската функција и ќе биде пратник во Собранието, соопштија од неговиот кабинет.
Ибраимовски денеска ќе потпише изјава во ДИК дека го прифаќа пратеничкото место.
На последните парламентарни избори Самка Ибраимовски беше на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во петтата Изборна единица.