Се уште актуелниот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, се отселил од Општина Чаир, истакна денеска кандидатот за градоначалник на оваа општина од БЕСА, Зекрија Ибраими, за време на посетата на Бит-пазар.
-Му се обраќаме со порака на досегашниот градоначалник на Чаир, кој веќе се иселил од Општина Чаир, да не донесе барем уште една штетна одлука. Да не потпише дозвола за изградба на Бит Пазар, бидејќи како што сме ние информирани од пазарџиите во Бит Пазар, таквиот план претрпел низа измени во корист на урбаната мафија од Чаир. Затоа, ве молиме да не ја потпишете таа дозвола, бидејќи оваа работа ќе ја решиме ние во корист на пазарџиите – рече Ибрахими.
Тој ја повика и управата на претпријатието „Скопски Пазар“ да не си поигрува со пазарџиите, бидејќи тука својата егзистенција ја обезбедуваат повеќе од 2.000 семејства.