Игор Југ нема да одговара за заканите кон Груевски

by fokus

Не се води никаква истрага во обвинителството против Игор Југ за заканите кои преку Фејсбук ги упати до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Од обвинителството велат дека нема да постапуваат во овој случај бидејќи Никола Груевски како оштетен воопшто не поднел пријава дека му е загрозена безбедноста.

Во случаи каде што е загрозена нечија безбедност законот предвидува дека се отвора постапка по приватна тужба, но не и по допрен глас, велат од обвинителството за ТВ 24.

„Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со сериозна закана дека ќе нападне врз неговиот живот или тело или животот или телото на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци. Гонењето за делото од став 1 се презема по приватна тужба.“ Предвидува член 144 од Кривичниот закон.

Поврзани новости