876
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, нема да биде во комбинација да настапи за актуелниот лидер во Серија А на преостанатите два натпревари во 2020 година.
Швеѓанецот им се приклучи на соиграчите на петочниот тренинг, подгревајќи ги надежите на тренерот Стефано Пиоли дека ќе може да смета на него за мечот против Сасуоло, в недела.
Сепак, како што јавија италијанските медиуми, Ибрахимовиќ предвреме го завршил тренингот поради болки во бутниот мускул на левата нога и речиси е извесно дека ќе ги пропушти пресметките против Сасуоло и Лацио.
Според истите извори, Ибрахимовиќ е неизвесен и за првите два меча на Милан во 2021 година, против Беневенто, на 3 јануари, како и дербито против Јувентус, три дена подоцна.