Трагичен крај на потрагата по исчезнатата прилепчанка

by Fokus

Денес е пронајдено телото на прилепчанката Весна Николоска (50) во водите на прилепското езеро– потврдија за ,,Фокус” од МВР.

-Денеска во 09.15 часот во водите на езерото кај рудникот ,,Сивец” во Прилеп било пронајдено телото на В.Н. (50) од Прилеп, за која нејзиниот сопруг Т.Н. (51) на 17-ти декември пријави дека се оддалечила од домот. Увидот бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција – информираат од МВР.

На Николовска и се изгуби траг на 16-ти декември, откако во непознат правец заминала од нејзиниот дом и два дена по неа трагаа стотици доброволци од општината. Вчера, потрагата се прошири и во Кавадарци и Неготино, откако на социјалните мрежи се сподели вест дека неколку лица наводно ја забележале како купува свеќи во близина на црквата во Кавадарци, а потоа и на автобуската станица во градот.

Нејзиниот син во телефонски разговор потврди дека потрагата завршила трагично и семејството замоли за приватност во овие тешки моменти.

Вики Клинчарова

Поврзани новости