Ибрахимовиќ: Корона вирусот имаше храброст да ме предизвика, лоша идеја

by fokus

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги коментираше информациите дека бил заразен со корона вирус.

-Вчера имав негативен тест за коронавирус, денес имав позитивен тест. Нема симптоми или нешто слично. Корона вирусот имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја – напиша Швеѓанецот на Твитер.

Триесет и осумгодишниот Швеѓанец поради позитивен тест е принуден да го пропушти натпреварот од 3. квалификациско коло во Лигата на Европа против норвешкиот клуб „Бодо-Глимт“.

Овој натпревар ќе се одржи вечер од 20.30 часот.

Поврзани новости