837
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги коментираше информациите дека бил заразен со корона вирус.
-Вчера имав негативен тест за коронавирус, денес имав позитивен тест. Нема симптоми или нешто слично. Корона вирусот имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја – напиша Швеѓанецот на Твитер.
Триесет и осумгодишниот Швеѓанец поради позитивен тест е принуден да го пропушти натпреварот од 3. квалификациско коло во Лигата на Европа против норвешкиот клуб „Бодо-Глимт“.
Овој натпревар ќе се одржи вечер од 20.30 часот.