924
Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ промаши пенал на денешниот натпревар во Серија А со Болоња.
Голманот Лукаш Скорупски ја одби топката по ударот на Швеѓанецот од 11 метри, но напаѓачот на „росоњерите“, Анте Ребиќ ја смести топката во мрежата на Болоња.
Ова е трет нереализиран пенал на Ибрахимовиќ оваа сезона во Серија А од шест обиди.
Милан, кој е лидер на табелата во Серија А, триумфираше против Болоња со резултат 2-1, па сега ќе го чека исходот од натпреварот Интер-Беневенто.