Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, во интервју за италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“, говореше на многу теми поврзани со италијанскиот фудбал и не ја отфрли можноста да се врати во Серија А.
Популарниот Ибра во моментов го носи дресот на Лос Анџелес галакси, а 38-годишниот Швеѓанец, кој играше за Јувентус, Интер и Милан, во декември станува слободен агент и можеби ќе се врати во Италија.
– Имам 38 години, но играм со ист ентузијазам и желба за победа како кога бев дете. Италија е мој втор дом. Ако се вратам, би играл за тим кој се бори за титулата. Можам да придонесам за титула, не сакам да ме гледаат како атракција, како животните во зоолошка градина, изјави Ибрахимовиќ, според кој Јуве е фаворит за титулата во Италија, но во Лигата на шампионите е поинаку и не зависи сè од потенцијалот на тимот, туку и од други фактори