Петтиот јубилеен македонски демофестивал „Т’к Так Фест“ ќе се оддржи на 7ми септември во Кавадарци. Организациониот одбор најави нова дужба со докажаните имиња од рок сцената во земјава, но и со новајлиите во рок музиката.
„Подготовките за јубилејот веќе подолг период се во тек, така што и годинава ќе не очекува вистинско рокенрол шоу во Кавадарци кое ќе ни го приредат македонските рок надежи и најголемите рок имиња од македонската сцена. Драго ни е што годинава фестивалот ќе се оддржи на 7ми септември, Денот на ослободувањето на Кавадарци, град кој веќе три децении важи за еден од најрокерските градови во Македонија, со богата музичка и фестивалска традиција“- вели Марко Матиев, член на извршниот одбор на фестивалот.
Конкурсот за демо бендовите сеуште бил активен и биле обезбедени голем број на награди, а специфично за фестивалот е тоа што секоја година се доделува Гран при наградата ,,Трајко Каров,, на најдобриот тапанар, во вредност од 500 евра.
„Т’к Так Фест“ се одржува во спомен на тапанарот Трајко Каров, роден брат на Љупчо Каров, познат во јавноста како Цацко од К15. Трајко Каров почина пред пет години на педесетипет годишна возраст, веднаш по концертот на Венко Серафимовски и неговиот бенд во кој што свиреше, на Плоштад Македонија во Скопје за време на манифестацијата ,,Валентин за Трифун,, од мозочен удар. Кавадарчанецот целиот свој живот го посвети на музиката. Беше член на многу групи, помеѓу кои и “Мадригали”, “Трн во око”, “Триангл”, “Автограм”, “Студени нозе”, Ристо Бомбата и Кучешка тенија”. Неговата песна ,,Името твое,, кое што ја изведе заедно со Наташа Малинкова, во тогашниот бенд ,,Багаж,, и до ден денешен е хит и се врти во етерот.
Вики Клинчарова