И Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена за посетители

by fokus

Откако вчера министерот за здравство, Венко Филипче соопшти за изолација на сите јавни и културни институции, денеска од Зоолошката градина во Скопје порачаа дека ќе биде затворена за наредниот период.

Почитувани,во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство,…

Publiée par Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје sur Mercredi 11 mars 2020

„Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, ве известуваме дека Зоолошка градина Скопје нема да биде отворена за посетители во наредниот период, се додека траат мерките за заштита од Корона вирусот.
Во меѓувреме, постојано ќе ги дезинфицираме живеалиштата на животните во градината“, велат од ЗОО Скопје.

Поврзани новости