509
Покрај пожарникарите, домашни и странци, војниците, полицајците, локалното население и доброволците, во гаснење на пожарите се вклучија и припадници на затворската полиција.
Жителите на кумановскиот регион кој синоќа беше зафатен од огнената стихија, упатуваат благодарност до Директорот на затворот “Скопје”, Филип Андов и до екипите на затворската полиција кои што несебично учествуваа во гаснењето на опожарените подрачја.
Во моментов се уште има активни пожари на повеќе локации низ државата.