На самиот старт на денешното рочиште за насилството во Центар, каде еден од обвинетите е и експремиерот Никола Груевски, адвокатите побараа изземање на судијата Душан Јосифов, на претседателот на судот, Иван Џолев и неговиот заменик, како и на в.д. претседателот на апелација и неговиот заменик.
Адвокатите образложија дека Специјалната обвинителка Катица Јанева при јавен настап кажала дека меѓу прислушуваните има и судии, па според нив требало да се расчисти оваа ситуација.
Обвинителката Фатиме Фетаи истакна дека дозволено е само барањето за изземање на судечкиот судија бидејќи такво право има одбраната, но истакна дека тие не може да бараат изземање на претседателот на судот и неговиот заменик, кко и на претседателот и заменикот во апелација бидејќи тие воопшто не постапуваат по овој предмет.
Судијата Јосифов даде пауза за да се донесе одлука по барањата на одбраната.
В.В.