Советот на Општина Велес изгласа распишување на референдум на локална ниво на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат дали се за или против изградба на станови за бегалците. За референдум гласаа 12 советници од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 8 од коалицијата на СДСМ кои беа воздржани.
Референдумот ќе се одржи на 15-ти октомври, паралелно со локалните избори поради што советниците од СДСМ тврдат дека партијата ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребува ова прашање за да манипулира со гласачите.
Во неколку наврати министрите од различни ресори во Владата на Зоран Заев, изјавија дека станови за мигрнатите нема да се градат никаде и дека ВМРО-ДПМНЕ го користи ова прашање за да ја дезинформира и дефокусира јавоста, и да влева страв и ксенофобија кај граѓаните.