Пред Собранието на Република Македонија и вечерва се одржува протест на здруженија на граѓани поради договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името.
Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, пред која е поставен полициски кордон. Побараа да запрат активностите за промена на името и оценија дека договорот е штетен за државата.
Како што изјавија дел од учесниците на протестот, граѓаните треба да покажат дека тие одлучуваат за својата и иднинатата на државата.
– Секој граѓанин без оглед на националноста и политичката определба треба да учествува на протестите и да се спротивстави на договорот, ова се критични времиња за државата, да им се спротивставиме на неодговорните политичари, беа дел од пораките на протестот.
Дел од присутните пееја патриотски песни и го извикуваа името на претседателот на државата Ѓорге Иванов.