Ципрас: Со договорот ништо не даваме туку земаме, ќе ги нарекуваме Славомакедонци

by fokus

Договорот не признава македонска нација, туку само право на нашите соседи на самоопределување, изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас во синоќешното интревју за државната грчка телевизија ЕРТ.

-Имаме договор со географска одредница покрај зборот Македонија. Неколку страни не обвинуваат, дека го даваме името. Го имам целиот текст на договорот преведен од МНР и не гледам дека ние нешто даваме, туку, земаме. Едно е националност, а друго е државјанство. Со договорот се признава право на самоопределување на народите. Во членот 7 пишува дека кога го користат името, имаат на ум нешто друго, а не грчкото наследство. Имаат право да го користат тоа, бидејќи и тие живеат во тој регион. Но, ние никогаш нема да ги нарекуваме Македонци, туку Славомакедонци. Тие до сега патувале со патни документи каде што пишуваше дека се Македонци, но сега ќе патуваат како Македонци, државјани на Северна Македонија, рекол Ципрас.

Поврзани новости