И вечерва протест за името пред Собранието, се бара оставка од Владата

by fokus

Неколку стотини граѓани и вечерва се собраа пред Собранието каде што протестираат против договорот за решавање на проблемот за името меѓу Македонија и Грција.

Насобраните граѓани извикуваа дека му даваат поддршка на претседателот Ѓорге Иванов, а бараа оставка од Владата.

В недела, во Преспа од грчка страна, министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас треба да го потпишат договорот, а на церемонија ќе присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Поврзани новости