И утре може да се регистрирате во УЈП за годишна даночна пријава

by fokus

Даночните шалтери на Управата за јавни приходи утре ќе бидат отворени за граѓаните да може да достават е-ГДП-ПДД за 2018 година.

Даночните шалтери ќе бидат отворени од осум до 14 часот.

Граѓаните имаат обврска до крајот на годината да се регистрираат во системот е-персонален данок, со цел Управата за јавни приходи да може да ја достави пополнетата годишна даночна пријава на увид на граѓаните.

Обврска за регистрација во системот е-Персонален данок има секое физичко лице кое во текот на 2018 година остварило приходи по кој било основ (плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход), заради прием на пополнетета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот персонален данок.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.80/93…190/2017), предвидено е Управата за јавни приходи од 1 јануари 2019 година да изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани – физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година.

Поврзани новости