Иванов: Не сум имал намера на 27 април да прогласам воена состојба, освен ако не постоел паралелен врховен командант да го направи тоа

by Fokus

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов во денешното обраќање пред јавноста ги демантира исказите на обвинетиот Александар Василевски -Нинџа, кои ги даде вчера во суд, дека вечерта на 27 април Иванов планирал да прогласи воена состојба.

„Ги демантирам ваквите искази и најодговорно тврдам дека не сум планирал на 27 април да прогласам воена состојба. Ако некаде не постоел паралелен врховен командат кој тоа ќе го направи. Во последниот период, јас и мојот кабинет сме постојана мета на напади со цел да не наместат за настаните за 27 април. Цело време се соочувам со закани и местенки. Нека излезат и нека кажат странските престваници дали вршеле притисок врз мене да не прогласам воена состојба. По кој знае кој пат повторувам, дека нема да отстапам од моите ставови. Деновиве сме сведоци и на давање лажни искази во судските процеси. Институциите треба да одговорат каде биле на 27 април. Кабинетот на претседателот за 27 април ги достави сите извештаи. Мојот кабинет во континуитет ги демантираше лажните вести кои ги објавуваат во медиумите – истакна Иванов.

Тој додаде дека обвинителката Вилма Русковска јавно потврдила дека нема докази дека Кабинетот на претседателот имал некаква вмешаност во настаните од 27 април.

„Овде би сакал јавно да прашам дали исказите на обвинетите се поважани од одговорите на надлежните институции. Во периодот кога се чека поканата за членство за НАТО, на кој му одговара да ја деградира армијата. Како претседател пред две години укажав дека УБК е генералното упориште. Ако УБК се дрзнува да го следи мојот кабинет, се прашувам што се се случува во оваа институција. Сакам да потенцирам дека во изминатиот период сме сведоци на неказнивост на протекување на класифицирано документи. Ова не е ништо друго, освен лична хајка проитв мене, за само да ме наместат мене – тврди Иванов.

Поврзани новости