853
Во пресрет на Велигден, граѓани од Битола се жалат дека поскапела црковната услуга за водосвет, кој се врши во православните домови.
-Граѓаните кои ги затекнавме таму, зад камерата ни рекоа дека цените за црковните треби биле покачени уште за Задушница, кога се спеваа починатите. Тогаш граѓаните за ова платиле 200 денари, а претходно плаќале по 150 денари – објави ТВ Тера.
Според телевизијата, за 500 денари биле покачени и цените на венчавките, крштевките и погребите, а владиката Петар изјавил дека е нормално да има поскапување, бидејќи цените не биле покачени седум или осум години.