Универзитетското студентското собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ бара власта да има слух за финансиска поддршка и на студентите поради ситуацијата со коронавирусот. Оттаму велат дека студентите се ранлива категорија и најчесто се финансираат од приходите на своето семејство, а овие приходи се значајно намалени од почетокот на кризата.
„Бараме формирање на консултативно тело за преземање економски мерки за финансиска поддршка на студентите во кое ќе учествуваат: универзитетските студентски собранија на сите универзитети во државата, младинските организации, Агенција за млади и спорт, Министерство за образование и наука, Министерство за финансии, Владата и партиските подмладоци. Целта на оваа консултативна група ќе биде да предложи краткорочни и долгорочни мерки за финансиска поддршка за студентите и нивните семејства кои се погодени од моменталната криза. Семејствата во кои има студенти имаат поголеми месечни трошоци од останатите, па затоа сметаме дека се потребни дополнителни мерки кои би ја олесниле финансиската ситуација во која се наоѓаат и би овозможиле непречено фокусирање на образованието“, – соопшти -студентското Универзитетско собрание при УКИМ.
Студентите бараат првата средба да се одржи следната недела за што побрзо да се изнајдат начини за нивна помош.