И Струмица вечерва се крена на нозе

by Фокус

Протести против одлуката на претседателот Иванов за аболиција, во моментов има и во Струмица.

Со мирен протестен марш, струмичани побараа оставка на актуелната Влада, а реагираа и на одлуката за распишување на парламентарните избори на 5 јуни.

Демонстрантите носат транспаренти со натпис „Слободни избори” и „Криминалците зад решетки”.

Инаку, покрај масовниот протест во Скопје, демонстративни маршови има и во Битола, Велес и Штип.

Поврзани новости