Банкарскиот сектор е стабилен и финансиски ликвиден. Сите банки и Стопанската банка – Скопје како и другите банки се стабилни, истакна премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата.
-Банкарскиот сектор е стабилен и финансиски ликвиден. Деновиве овие шпекулации што излегуваат навистина се со зла намера да наштетат на депозитната база и на банкарскиот сектор. И најголемата банка Стопаска банка во Скопје и другите банки се стабилни и финансиски ликвидни, изјави Заев.
Тој наведе дека позитивни трендови се утврдени во кредитирањето на населението и стопанството. Како што рече во февруари вкупните кредити се зголемија за 4,4 отсто на годишна основа, во услови на раст за
кредитите за домаќинствата за 7,1 отсто и за раст на кредитите кон компаниите од 1,4 отсто. Вкупниот депозитен потенцијал во февруари оствари годишен раст од 7,1 отсто.