В понеделник извесно е решението за државјанство со АА и Алтернатива

by Fokus

Премиерот Зоран Заев очекува в понеделник на состанокот со Алијанса на Албанците и на Алтернатива да се изнајде решение во однос на нивното барање за начинот на добивање државјанство на Република Македонија.

За Заев извесно е решението, знаејќи ги сите детали од анализи, но и како што информира, работните состаноци што ги имал со министерот и со заменик министерот за внатрешни работи за оваа тема.

Рече дека тоа би биле услови кои се среќаваат секаде на европскиот континент или во нашиот регион.

-Но да оставиме шанса на состанокот в понеделник да изнајдеме решение и ред е Алијанса на Албанците и Алтернатива, како најголеми албански опозициони партиии, да ги соопштат решенијата, а ние ќе излеземе да кажеме што е договорено, рече меѓу другото Заев, додавајќи оти целта е сите граѓани кои немаат државјанство да го добијат.

– Анализата сама по себе покажува каде имале пречки сите тие граѓани. Гледаме вкупно 530 во една област, 220 во друга област, 136 во друга област, така што ги знаеме сите детали согласно анализите во последните години, кои биле пречките во добивањето на државјанството, додаде премиерот.

Поврзани новости