И Словенија и Црна Гора забранија да се емитува нивна музика

by fokus

Словенија и Црна Гора забраниле емитување на нивната музика во Македонија. Забраната стапува на сила на 10 октомври, објави ЗАМП.

„Ве известуваме дека на седница на Управниот одбор на организациите ПАМ-Црна Гора и САЗАС-Словенија е одлучено да се забрани користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Република Македонија. Согласно известувањето оваа забрана стапува на сила почнувајки од 10.10.2016 година, а ЗАМП Македонија е овластена да ги превземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на ПАМ и САЗАС. а врз основа на склучените мегусебни договори за реципроцитет“, соопшти ЗАМП.

Во Македонија ЗАМП забрани емитување на македонска музика, а по барање на српската агенција СОКОЈ забрането е емитувањето и на српска музика.

Поврзани новости