56-годишен жител на Скопје е приведен во Полициска станица Бит Пазар, откако фрлал со камења кон 41-годшната негова соседка. Претходно, со секира и се заканувал, упатувајќи и навреди.
„На 23.09.2018 година во 13,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Македонско-Косовска бригада“ додека Х.С. (41) одела кон своето возило, кое било паркирано пред нејзиниот дом, соседот Д.Т.(56) излегол надвор со секира во рака, се приближил до неа и и упатувал навреди и закани. Х.С. влегла во дворот, а истиот ја оставил секирата и зел камења и почнал да ги фрла кон неа. Д.Т. е приведен во Полициската станица Бит Пазар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, посочија од МВР.