Од најголемата опозициска партија обвинија дека овој потег на поранешниот пратеник Невзат Халили е резултат на политиките на актуелната власт за поделби и подгревање на етнички тензии и на застојот во евро-атлантските интеграции.
-Ваквите настани се резултат на политиките на актуелната власт на поделби, подгревање етнички тензии, партизација на државните институции, застој во евро-атлантските интеграции, осиромашување на граѓаните и бесперспективност“, се вели во соопштението на СДСМ.
Од партијата ги повикаа граѓаните да не наседнуваат на ваквите провокации.
По реакцијата на СДСМ со став излезе и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува така нареченото прогласување на Илирида. Овие настани, направени од одамна истрошени и маргинални политичари се груб и лош обид за сопствена промоција на штета на меѓусебното почитување и разбирање помеѓу граѓаните“, се вели во соопштението.
Од партијата порачаа дека суверенитетот на државата не може да биде играчка.