Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија бара од Владата и тие да бидат опфатени со мерката за поддршка со бруто износ од минималната плата во државта, мерка со која се опфатени сите вработени во приватниот сектор или да се поддржат со бруто износ од 50 отсто од просечната плата на работникот во месеците априли мај.
Како што наведуваат во соопштение до јавноста, писмо испратиле до премиерот на 26-ти минатиот месец во кое наведуваат дека од спроведена анкета во секторот, 88,2 отсто од испитаниците изјавиле дека кризата довела до целосно или значително откажувње на нивните ангажмани, со што сериозно им е загрозена егзистенцијата.
Додаваат дека во секторот постојат различни категории преведувачи, вработени во фирми, самостојни вршители на дејност, а како најдоминантна категорија се издвојуваат слободни преведувачи/толкувачи и дека на 67,4 отсто од испитаниците, прведувањето/толкувањето им е пимарна дејност, односно претставува основен извор на приходи.
-Свесни сме дека Владата најави пакет мерки што ги опфаќаат меѓу другите и слободните вршители на дејности како занаетчии, уметници и други, но сакаме да укажеме дека за разлика од другите слободни вршители на дејности, кои својот статус го имаат регулирано во соодветните комори или министерства, слободните преведувачи/толкувачи никаде не се регистрирани како такви. Како што напоменавме пакетот-мерки за помош на стопанството најавен од Владата вклучува различни категории на фирми и работници, но не ги предвидува и слободните професии. Поради тоа би сакале уште еднаш да упатиме апел овие категории на граѓани кои остваруваат приходи од хонорани договори и уредно ги плаќаат давачите кон државата да не бидат запоставени, наведуваат од Здружението.