Куманово бара да се оцени фукционалноста и капацитетите на болницата

by Frosina Fakova

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

• Барање од Комисија за заразни болести во Министерство за здравство да направи целосен пресек на состојбата во Општа болница Куманово за бројот на позитивни случаи од персоналот во болницата по одделенија и да даде свое видување за функционалноста на капацитетите на болницата во овие околности.
• Бараме од Министерство за надворешни работи да ни достави список на лица од Куманово, кои се најавени да се вратат во Република Северна Македонија.
• Бараме од кризниот штаб при Влада на Република Северна Македонија да задолжи лице од Министерство за труд и социјална политика, кое директно ќе се вклучи во работата на ОШЗС.

Поврзани новости