647
Иако го немаше во агендата, министерот за надворешни работи Никола Попоски инсистирал на средба со помошникот државен секретар Викторија Нуланд.
Како што брифираат изворите на НОВА, тој замолил кусо да биде вклучен во нејзината агенда, по што неофицијално, имале кус разговор.
Инаку, Нуланд денеска имаше средби со Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска од Специјалното јавно обвинителство и партиските лидери на ДУИ и ДПА. Во моментов таа е на средба со Зоран Заев, по што ќе се сретне и со Никола Груевски, како и со претставници на невладиниот сектор.