509
И покрај апелите од градските власти и МПЦ до верниците, сепак бадникарски огнови се палеа вечерва на повеќе локации низ Скопје.
Градските власти апелираа до жителите во Скопје да се воздржат од палење коледарски огнови со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.
Градоначалниците на сите скопски општини годинава донеса одлука и за забрана за доделување дрва од општините за таа намена со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во главниот град.
Граѓаните може да пријават запален оган на отворено на телефонската линија 193.