И покрај протестите, во медицинското „Панче Караѓозов“ се полагаше квалификациски тест

by Frosina Fakova

И покрај негодувањата на одредена група родители, со мало задоцнување во медицинското учичиште „Панче Караѓозов“, сепак се полагаше квалификациски тест.

Тестовите се полагаат едноподруго, а се состојат од 15 прашања за секој од двата предемета, изјави за МИА Маја Салиу, директор на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, каде што за насоката медицинска сестра на албански наставен јазик денеска се организира квалификациско тестирање поради поголем број ученици со максимален број (75) бодови од предвидената квота во Конкурсот на МОН.

Пријавени се 164 ученици што завршиле основно образование со успех 5.00, а со Конкурсот се примаат 102 во три паралелки. Почетокот на тестирањето по предметите билогија и хемија беше закажано за денеска во 10 часот, но револтирани родители и нивните деца протестираа и извикуваа дека бараат да се отвори уште една паралелка за да нема елиминациски тест. Притоа, беше забележливо групирање и непридржување до мерките за заштита од вирусот.

Салиу потенцира дека училиштето не организира тестирање, туку само го спроведува, а дека организатори се Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието – кое и ги изработува тестовите и тие се состојат од материјалот кој учениците веќе го совладале во основното образование.

Посочи и дека на пријавувањето за упис минатата недела максимално се почитувале мерките за заштита и дека добиле над 800 пријави за сите образовни профили во ова училиште каде што има паралелки за настава на македонски и на албански јазик.

Поврзани новости