И Пленковиќ ќе се вакцинира со АстраЗенека, иако прележа ковид

by Фокус

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ќе биде вакциниран со вакцината на Астра зенека.

Со оглед на тоа дека го прележа коронавирусот, Пленковиќ ќе се консултира со лекарите за точниот датум на вакцинирање, но, како што објави Индекс.хр, тој сигурно ќе биде вакциниран со АстраЗенека.

Досега, оваа вакцина ја примија премиерот и претседателот на Словенија, Јанез Јанша и Борут Пахор, како и премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, со цел да им докажат на граѓаните дека е безбедна.

Откако Европската агенција за лекови даде зелено светло, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Кипар, Летонија, Литванија и Канада најавија дека ќе продолжат со вакцинирањето со АстраЗенека.

Сепак, тоа не го направија сите држави, а една од нив е Данска.

Поврзани новости