И охридскиот универзитет ја поддржа владата

by Фокус
По штипскиот „Гоце Делчев“, и охридскиот универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ ги поддржа измените на Законот за високо образование на предлог на Владата, кои наидуваат на критики кај дел од професорите и експертите дека ја загрозуваат автономијата на универзитетите.
„Врз основа на прифатените сугестии дадени од нашиот управувачки и наставно-научен кадар, даваме целосна поддршка на пакетот реформи за унапредување на квалитетот на високото образование и воопшто на образовниот систем во земјата“, соопштија од охридскиот универзитет, откако Министерството за образование прифати дел од предлозите на универзитетите.

Поврзани новости