Беса бара владата да го затвори загадувачот „Југохром“

by Фокус

Владата да го принуди „Југохром“ да постави филтри или да ја затвори ова фабрика ако таа продолжи да претставува опасност за здравјето на граѓаните на Тетово, бидејќи состојбата со загаденоста на воздухот ја надминува секоја граница на нормалата, побараа од новоформираното политичко движење на Албанците Беса.

– За споредба, вториот најзагаден град на светот – градот Ахваз во Иран, достигнал ниво на загадување до 372 микрограми на супстанцата ПМ 10, а во Тетово оваа супстанца достигнала рекордна шифра на 998 микрограми во метар кубен, иако дозволеното ниво на ова супстанца треба да биде до 50 микрограми – рече Реџеп Мемеди од Беса, кој воедно побара оставка од министерот за животна средина Нурхан Изаири, во знак на политичка и морална одговорност.

Поврзани новости