И неразвиените земји привлекуваат нашинци: Во Танзанија е животот !

by fokus

 Поп пејачот Игор Митровиќ веќе неколку недели е во Танзанија, Африка. Го започнал својот нов живот во Дар Ес Салаам, поранешниот главен град на Танзанија, каде што неговата сестра живеела неколку години наназад.

Неговиот избор изненади многумина, бидејќи ретки се оние кои што одбираат да заминат во земја како Танзанија, секогаш приоритет имаат западните развиени земји. Но, тој вели дека се чувствува исполнето и среќно, и не планира да се враќа во Македонија.igor-m3

,,Во Танзанија е животот! Ова е огромна држава, живеам во голем град со народ од сите вери и националности, испреплетени се различни култури, но некако сите успеаваат да се усогласат. Се изненадив кога дознав кое им е главното мото на жителите овде – „поле“, „поле“, што во превод значи – полека, полека. Започнав да се привикнувам на ова мото, и гледам дека луѓето се во право, нема потреба од брзање и нервози, од напнат живот. Никој никаде не се брза, им треба многу за да се изнервираат, не се заморуваат со ситници, иако не ме познаваат, сите на улица ме поздравуваат“, вели Митровиќ.
igor-m5

„Има луѓе на кои што економската состоја им е ужасна, но воопшто не се оптеретуваат со тоа, среќни се и свикнати на таквиот начин на живот, не мислат само на материјални добра, уживаат и знаат да се радуваат“, вели Митровиќ, додавајќи дека запознал многу македонски семејства кои што со себе ги понеле и своите мали деца, но и семејства од нашите соседни земји. Сите многу добро се вклопиле во новата средина.

igor-m6

,,Не може да се направи споредба на животот во Македонија со животот во Танзанија. Иако ова е земја која што се смета за неразвиена, многу подобро се живее од кај нас, владее една релаксирана атмосфера, нема стрес. Ова е рајот на земјата! Ми беше потребна промена, сакам нови работи, не сакам да се трујам со едно нешто и да се гушам, ми беше потребен простор, многу простор! Свесен сум дека направив голем чекор, нема да бидам активен на македонската музичка сцена, иако живеев за музиката, но промената ми дојде супер. Многу ми се допаѓа како функционираат работите овде, се заљубив во местото, во начинот на живот, во луѓето… Воопшто не ми беше тешко да се спакувам и да дојдам, и би можел да останам овде засекогаш“,  изјави Игор.

thumbnail_igor-m1

Тој беше активен во музиката од мали нозе. Започна со учества на детскиот фестивал ,,Златно славејче“, а потоа во тинејџерските години продолжи посериозно да се занимава со музика и беше дел од многу музички фестивали. Сними десетици песни и спотови, а познат е по хитовите ,,Малечка“, ,,Лажлива“, ,,Сами сме“, и други.

Вики Клинчарова

Поврзани новости